Испорака и прием на услугите
По успешното плаќање на нарачката, купувачот добива електронска потврда за резервација на е-поштата што ја навел при нарачката. Потврдата содржи:
- вид на услуга,
- датум и термин,
- времетраење,
- износ и
- евентуални дополнителни инструкции.
Електронската потврда за резервација се смета за испорака на услугата во моментот кога ќе биде испратена на е-поштата на купувачот. Купувачот е должен веднаш по приемот да ги провери сите податоци во потврдата (име, презиме, вид на услуга, датум, термин). Доколку забележи грешка, должен е да нè извести во рок од 24 часа на contact@carsamuil.com или на телефон +389 72 211 011. Услугите се реализираат исклучиво на локацијата на ЦАР САМУИЛ ДОО БАНСКО СТРУМИЦА во Банско, Струмица. Купувачот е должен сам да дојде на договореното место и време. Компанијата не сноси трошоци за пат, сместување или други трошоци поврзани со доаѓањето на купувачот. Не се наплаќаат трошоци за достава. Евентуалните банкарски или административни провизии што ги наплаќа платежниот оператор не се дел од цената на услугата и не се рефундираат.
Важно::
Услугите се извршуваат само по претходна резервација и плаќање. Доцнењето на купувачот може да резултира со скратување или откажување на терминот без право на рефундирање (освен ако поинаку не е договорено). Откажување и рефундирање на услугите е регулирано со политика за рефундирање.
Измени во Политиката
ЦАР САМУИЛ ДОО БАНСКО СТРУМИЦА ги задржува правата да ја менува оваа Политика без претходна обврска за известување на корисниците. Корисниците се должни да ги следат измените на оваа страница пред да направат нарачка. Користењето на нашите услуги значи дека се согласувате со правилата наведени овде.
Последни промени – 11.09.2026 год.
Контакт
Сите прашања во врска со Општите услови за користење може да се достават на contact@carsamuil.com
ЦАР САМУИЛ ДОО БАНСКО СТРУМИЦА
Bansko, 2415 Strumica
ЕДБ: MK4027986117318
Матичен број: 4109287
