Со оваа Политика за приватност на интернет-страницата tsarsamuil.com се уредуваат начините на кои се прибираат, одржуваат и откриваат податоците собрани од посетителите на tsarsamuil.com (во понатамошниот текст: Веб-страница).

1. Оваа Политика за приватност се однесува исклучиво на корисниците на Веб-страницата. Доколку на Веб-страницата е содржан линк кој ќе ве поврзе со други веб-страници, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци што ја обезбедуваат тие интернет-страници.

2. Трансакцијата при наплаќање на услугата е пренасочена и се процесира преку Е-commerce терминал на СТОПАНСКА БАНКА А.Д. СКОПЈЕ. ЦАР САМУИЛ ДОО БАНСКО СТРУМИЦА не ги складира податоците од кредитните/дебитните картички.

3. Посетата на нашата Веб-страница е анонимна. Ние ги собираме личните идентификациски информации од посетителите само доколку тие самите се согласат да ги достават таквите податоци преку пополнување на формуларот за нарачка/резервација.

4. Со користење на нашата Веб-страница, вие се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со оваа Политика, ве молиме да не ја користите нашата страница.

5. Доколку направите нарачка или резервација, сите лични податоци што ќе ги внесете преку формуларот ќе се користат исклучиво за потребите на процесирање на вашата нарачка, потврда на резервацијата и реализација на услугата.

6. При вршење на нарачка/резервација, од вас ќе бидат побарани следниве податоци:

- име и презиме

- е-маил адреса

- телефон за контакт

- адреса (само доколку е потребна за издавање на фактура)

7. Податоците што ги собираме се чуваат кај нас. Тие нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна, освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.

8. Вашите лични податоци нема да бидат продавани, разменувани, изнајмувани или споделувани со други физички или правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во случаи утврдени со закон.

9. Нашата Веб-страница ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци, заради спречување на неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба.

10. Нашата Веб-страница може да користи колачиња („Cookies“) за да се подобри корисничкото искуство. „Cookies“ се мали датотеки што се внесуваат во уредот на посетителот од страна на веб-серверот. Информациите што се меморираат во рамките на „Cookies“ се користат само за потребите на веб-услугата и на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. Секој посетител има можност да го подеси својот пребарувач да ги одбие колачињата или да прикаже предупредување. Доколку ги одбиете колачињата, одредени делови од страницата може да не функционираат целосно.

11. Врз основа на ваше писмено барање, имате право да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за вас, да пристапите до нив, да ги дополнитe, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка.

12. Нашата Веб-страница го задржува правото во секое време да ја измени или дополни оваа Политика за приватност.

13. Доколку сакате вашите податоци да бидат коригирани или избришани, можете да нè контактирате на: contact@carsamuil.com.