ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА
ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА
Нашиот оддел за гастроентерохепатологија нуди експертска дијагностика и третман на
заболувања на гастроинтестиналниот тракт и црниот дроб.
Обезбедуваме современа ендоскопија, дијагностички снимки, лабораториски испитувања и биопсии,
со цел прецизна процена и персонализирана грижа за секој пациент.
Нашиот оддел за гастроентерохепатологија нуди експертска дијагностика и третман на заболувања на гастроинтестиналниот тракт и црниот дроб. Обезбедуваме современа ендоскопија, дијагностички снимки, лабораториски испитувања и биопсии,
со цел прецизна процена и персонализирана грижа за секој пациент.
ДИЈАГНОСТИКА
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ГАСТРОЕНТЕРОЛОШКИ ПРЕГЛЕД
Комплетен преглед и консултација од специјалист по гастроентерологија и хепатологија Д-р Милица Трпковска. Опфаќа анамнеза, физички преглед и препораки за дополнителни испитувања или третман, со цел дијагностика и менаџмент на заболувања на дигестивниот систем, црниот дроб, жолчката и панкреасот.
РЕКТАЛЕН ПРЕГЛЕД СО АНОСКОПИЈА
Едноставна и безбедна постапка која со помош на аноскоп овозможува преглед на аналниот канал и долниот ректум. Се откриваат хемороиди, фисури, воспаленија или мали полипи. Кратка, добро толерирана процедура, без потреба од анестезија.
АБДОМИНАЛЕН УЛТРАЗВУК
Безболен и сигурен ултразвучен преглед за процена на органите во абдоменот – црн дроб, жолчна кеса, панкреас, слезина и бубрези. Овозможува навремено откривање воспалителни, структурни и други патолошки состојби.

ГАСТРОСКОПИЈА
Ендоскопски преглед на хранопроводот, желудникот и дуоденумот со флексибилен гастроскоп. Овозможува директен увид во слузницата за детекција на гастритис, улкуси, полипи, рефлукс и тумори, како и земање биопсии. Се изведува со локална или лесна седација.
КОЛОНОСКОПИЈА
Ендоскопски преглед на дебелото црево со колоноскоп за откривање и лекување полипи, дивертикулоза, воспалителни болести и колоректален карцином. Се изведува под седација и овозможува отстранување полипи и земање ткиво за анализа.

ТЕРАПЕВТСКИ ТРЕТМАНИ
ТЕРАПЕВТСКИ ТРЕТМАНИ
ХИДРОКОЛОН ТЕРАПИЈА
Нежна и контролирана постапка на прочистување на дебелото црево со вода, со цел отстранување на насобрани отпадни материи, подобрување на интестиналната мобилност и поддршка на дигестивната рамнотежа и општото чувство на благосостојба.