НЕВРОЛОГИЈА
НЕВРОЛОГИЈА
Нашите невролошки и дијагностички услуги овозможуваат стручно испитување на нервниот систем
и мозочната циркулација. Со примена на безбедни и неинвазивни методи, ги откриваме, следиме и насочуваме
третманите кај невролошки и васкуларни состојби. Целта е навремена и прецизна
дијагностика, подобра превенција и одржување на здравјето на мозокот и нервите.
Д-р Мирослав Алексовски – специјалист по неврологија, врши експертски прегледи и
дијагностика за откривање и следење на невролошки нарушувања
со современи и сигурни методи.

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ НЕВРОЛОШКИ ПРЕГЛЕД
Комплетна процена на рефлекси, координација, моторика и сетилни функции, рамнотежа и когнитивни способности. Се применува при симптоми како главоболки, вртоглавици, трнење, тремор, слабост или проблеми со меморијата.

ЕЛЕКТРОМИОГРАФИЈА (ЕМГ)
Метод за мерење на електричната активност на мускулите, со цел дијагностицирање невропатии, оштетувања на нерви или состојби како синдром на карпален тунел.

ЕЛЕКТРОЕНЦЕФАЛОГРАФИЈА (ЕЕГ)
Снимање на електричната активност на мозокот. Се користи за дијагноза на епилепсија, напади, нарушувања на спиењето или процена на мозочна функција по траума.

ДОПЛЕР НА КАРОТИДНИ АРТЕРИИ
Ултразвучна метода за проверка на протокот на крв во каротидните артерии, со цел откривање стеснувања, блокади и процена на ризик од мозочен удар.