Д-Р. АТАНАС ВАСИЛЕВ

СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Специјалист по физикална медицина и рехабилитација, со специјализација од Тракискиот универзитет – Република Бугарија, реализирана во Сливенските минерални бањи. Дел е од професионалниот тим на хотел „Цар Самуил“, каде обезбедува стручна грижа и индивидуален пристап со цел подобрување на здравјето и функционалноста на пациентите. Фокусиран е на дијагностика и третман на спондилоза, дископатија, дискус хернија во цервикалниот, торакалниот и лумбалниот дел од ‘рбетот, како и спондилолистеза.

Д-Р. ВИОЛЕТА ПЕТКОВСКА

Дипломирала на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Професионалната кариера ја започнала во 1992 година во ЈЗУ „Цар Самуил“, каде ја завршила и специјализацијата по физикална терапија и медицинска рехабилитација. Искуство од 12 години како специјалист по физикална медицина и рехабилитација и раководител на медицинскиот оддел. Моментално е професионално ангажирана во „Цар Самуил“, обезбедувајќи стручна, современа и персонализирана медицинска грижа.

Д-Р. ЖАНА АНДОНОВА

Д-р Жана Андонова дипломирала на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2016 година, а во 2024 година се стекнала со звање специјалист по физикална медицина и рехабилитација.

Посветена е на превенција, дијагностика и рехабилитација на мускулоскелетни и невролошки состојби, со силен фокус на подобрување на подвижноста, функционалните способности и квалитетот на животот на пациентите.

Д-Р. ПАНЧЕ МАЗНОВ

СПЕЦИЈАЛИСТ ОРТОПЕД

Дипломирал на Медицинскиот универзитет во Плевен во 2006 година, а специјализацијата по ортопедија и трауматологија ја завршил во Софија во 2019 година. Поседува сертификати за ултразвук на детски колк (метода по Граф), како и напредни обуки за артропластика на колк и колено, AO Trauma третман на фрактури и реконструкција на зглобови. Обезбедува специјализирана ортопедска и трауматолошка грижа, со индивидуален пристап кон секој пациент како свој главен приоритет.

Д-Р. МИЛИЦА ТРПКОВСКА

СПЕЦИЈАЛИСТ ГАСТРОЕНТЕРОЛОГ

Специјалист гастроентеролог-хепатолог, посветена на обезбедување прецизна дијагностика и персонализирана грижа за заболувања на дигестивниот систем и црниот дроб. Со примена на современи дијагностички методи се идентификуваат причините за абдоминален дискомфорт, дигестивни нарушувања и хепатални состојби, при што се креираат индивидуални терапевтски планови насочени кон ефикасен третман, превенција и долгорочно здравје. Медицинското образование го стекнала на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а нејзина силна страна е богатото линичко искуство стекнато во различни здравствени установи. По завршување на специјализацијата по гастроентерологија-хепатологија, како специјалист е посветена на унапредување на благосостојбата на пациентите преку сеопфатна грижа за дигестивното и хепаталното здравје.

Д-Р. ЛАЗО МАНЕВ

СПЕЦИЈАЛИСТ РАДИОЛОГ

Специјалист радиолог, со завршена специјализација на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Работел како доктор по општа медицина во повеќе здравствени установи, како и како професор во Средното медицинско училиште „Димитар Влахов“ – Струмица.

Во својата професионална пракса е фокусиран на медицинска дијагностика и обезбедување прецизни радиолошки интерпретации.

Д-Р. СТЕФАНИЈА ПАЉОШКОВА

ДОКТОР ПО ОПШТА МЕДИЦИНА

Доктор по општа медицина, дипломирала на Медицинскиот факултет во Штип. Се стекнала со значајно професионално искуство во примарната здравствена заштита, работејќи како матичен лекар и обезбедувајќи сеопфатна медицинска грижа за пациенти од сите возрасни групи. Моментално професионално е ангажирана во „Цар Самуил“, каде е фокусирана на превентивна грижа, прецизна дијагностика и континуирана поддршка на пациентите. Со пристап ориентиран кон пациентот, професионалност и емпатија, посветена е на унапредување на здравјето и квалитетот на животот на заедницата.

Д-Р. БЛАГИЦА СТОЈЧЕВСКА

ДОКТОР ПО ОПШТА МЕДИЦИНА / ЕСТЕТСКА МЕДИЦИНА

Доктор по општа медицина, дипломирала на Универзитетот „Гоце Делчев“ во 2021 година, со повеќегодишно професионално искуство во „Цар Самуил“. Нејзината цел е да ја истакне природната убавина и самодовербата на секој клиент. Преку современи и безбедни естетски третмани – од неинвазивни процедури до напредни техники за подмладување – применува индивидуален пристап кон секое лице и тип на кожа. Верува дека естетиката не е само изглед, туку и чувство на хармонија и удобност во сопственото тело.

Д-Р. МИЛЕНА СТОЈАНОВА

ДОКТОР ПО ОПШТА МЕДИЦИНА

Доктор по општа медицина, дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје. На 25-годишна возраст го започнала своето прво професионално искуство во здравствената установа „Цар Самуил“, каде работи како лекар и обезбедува сеопфатна, посветена и грижлива медицинска нега за пациенти од сите возрасни групи. Во секојдневната работа е фокусирана на превенција, прецизна дијагностика и градење доверливи односи со пациентите, секогаш пристапувајќи со професионалност и емпатија.

Д-Р. СЛАВЧО ЃОРГИЕВ

СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ИНТЕРНА МЕДИЦИНА

Д-р Славчо Ѓоргиев - доктор специјалист по интерна медицина со богато клиничко искуство во дијагностика, третман и следење на заболувања на кардиоваскуларниот и интернистичкиот систем. Во својата работа е фокусиран на сеопфатен пристап кон пациентите, со акцент на рана детекција на ризик фактори и превенција на хронични заболувања. Извршува интернистички и кардиолошки прегледи, советува за контрола на хипертензија, метаболни состојби и одржување на општото здравје. Познат е по професионалниот однос, деталната дијагностичка проценка и јасната комуникација со пациентите. Со својата посветеност придонесува кон подобрување на здравствената култура и квалитетот на живот во заедницата.

Д-Р. МЕТОДИЈА ИВАНОВ

СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ИНТЕРНА МЕДИЦИНА

Д-р Методија Иванов е доктор специјалист по кардиологија со долгогодишно искуство во дијагностика и третман на кардиоваскуларни заболувања. Посветен е на рана детекција, превенција и современ пристап во следење на здравјето на срцето и крвните садови. Работи со пациенти со хипертензија, срцеви аритмии, коронарни болести и болести на периферни крвни садови. Неговиот пристап се темели на индивидуална проценка, детална дијагностика и јасна комуникација со пациентите. Посветен е на унапредување на свеста за важноста на редовните кардиолошки контроли и здравиот начин на живот. Со професионалност и емпатија придонесува кон подобар квалитет на живот и долгорочно зачувување на здравјето на пациентите.

Д-Р. МИРОСЛАВ АЛЕКСОВСКИ

СПЕЦИЈАЛИСТ НЕВРОЛОГ

Работи како невролог во Софија со повеќе од 15 години медицинско искуство. Специјализиран е за дијагностика и третман на заболувања на централниот, периферниот и автономниот нервен систем, со изведување на ЕМГ, ЕЕГ и доплер испитувања на каротидните артерии. Дипломирал на Медицинскиот универзитет во Плевен во 2006 година и поседува специјализација по неврологија. Неговите квалификации вклучуваат ЕМГ (2011), ЕЕГ (2012) и неуросонологија (2014). Член е на Бугарската лекарска комора и има учествувано на бројни национални конгреси и стручни семинари. Дел е од нашиот тим и обезбедува специјализирана дијагностика од областа на неврологијата, со посветен, индивидуален и професионален пристап.