Политика за рефундирање

ЦАР САМУИЛ ДОО БАНСКО СТРУМИЦА овозможува рефундирање на средства за услугите кои се купени и платени преку е-продавницата, под долунаведените услови:

Доколку услугата која сте ја добиле (или која требало да ја добиете) не одговара на описот, квалитетот, времето на извршување или на било кој начин со вашите очекувања, може да побарате замена на услугата со друга соодветна услуга. Во случај на непостоење можност за замена, имате право на поврат на средствата според условите наведени овде.

Контактирајте нè најдоцна во рок од 24 часа од денот на нарачката (или од денот на извршувањето на услугата, доколку услугата веќе е реализирана) на телефонскиот број +389 72 211 011 или испратете ни е-пошта со своите податоци (име, презиме и телефон) на адресата contact@carsamuil.com со наслов „Рефундирање на средства“ / „Refund Request“. Во е-поштата наведете ги причините поради кои сакате да направите замена или враќање на средствата. Во најкраток можен рок, нашиот оператор ќе ве извести за понатамошната постапка.

Барањето за замена или рефундирање може да се поднесе во рок од 7 дена од денот на направената нарачка, под услов услугата сè уште да не била целосно извршена. Доколку услугата веќе е делумно или целосно извршена, правото на рефундирање се разгледува индивидуално, во зависност од степенот на извршување и причината за барањето.

По приемот на вашето барање, ќе се утврди дали се исполнети условите за замена или рефундирање, по што продолжуваме кон обезбедување на соодветна замена на услугата или враќање на парите.

Во случај да барате враќање на паричните средства, откако ќе се потврди дека барањето е прифатено, средствата во висина на износот на нарачката (освен евентуалните трошоци за администрација или други поврзани трошоци, доколку ги има) ќе ви бидат префрлени на истата трансакциска сметка која сте ја користеле при плаќањето на услугата, или на сметка која ќе ја посочи купувачот доколку плаќањето е извршено на друг начин.

Трошоците за евентуални административни или банкарски провизии не се рефундираат.

Последни промени – 11.09.2026 год.

Контакт

Сите прашања во врска со Општите услови за користење може да се достават на contact@carsamuil.com

ЦАР САМУИЛ ДОО БАНСКО СТРУМИЦА

Bansko, 2415 Strumica

ЕДБ: MK4027986117318

Матичен број: 4109287