summer 2026

ЛЕТЕН ПРЕСТОЈ 2026: ПАКЕТ 3–6–9!

Планирајте го вашиот совршен летен престој за јуни, јули или август и искусете го единствениот концепт каде хотелот инвестира во Вашето здравје и Вашата релаксација!

Со секоја резервација на 3, 6 или 9 ноќевања, добивате вклучени пакет услуги по Ваш избор на дневна база!

Како се формира цената на Вашиот престој?

Сместувањето за двајца е на база полн пансион (појадок, ручек и вечера), а цената се пресметува по ноќевање, во зависност од деновите кои ќе ги одберете:

Недела – Четврток: 7.910 денари од ноќевање (за двајца)

Петок и Сабота: 8.610 денари од ноќевање (за двајца)

Ексклузивна понуда: Колку подолго престојувате, толку поголема вредност на вклучени пакет услуги добивате!

Наместо однапред дефинирани третмани, Вие добивате вкупна вредност на вклучени пакет услуги која двајцата можете слободно да ја трошите на нашите услуги во текот на престојот:

За престој од 3 до 5 ноќевања: Добивате вклучени пакет услуги во вредност од 3.000 денари ДНЕВНО (Пример: за 3 ноќевања добивате вкупна вредност од 9.000 денари за вклучени пакет услуги!)

За престој од 6 до 8 ноќевања: Добивате вклучени пакет услуги во вредност од 4.000 денари ДНЕВНО (Пример: за 6 ноќевања добивате дури 24.000 денари за вклучени пакет услуги!)

За престој од 9 и повеќе ноќевања: Добивате вклучени пакет услуги во вредност од 5.000 денари ДНЕВНО (Пример: за 9 ноќевања добивате неверојатни 45.000 денари за вклучени пакет услуги!)

Што сè вклучува Вашиот летен престој?

Сместување во делукс соба за двајца со полн пансион.

Неограничено користење на СПА и велнес центарот: Рекреативен базен со термоминерална вода, термоминерално џакузи, финска, биохербална и инфрацрвена сауна, парна бања, ладна када, соба за релаксација и утринско истегнување.

На што можете да ги искористите Вашите вклучени пакет услуги?

Самите креирајте ја Вашата спа и здравствена програма од нашата богата понуда:

Функционална магнетна стимулација и ТЕКАР третмани

Врвни антистрес или медицински масажи и купки

Терапија со молекуларен водород и солена соба

Третмани за лице и тело, хидроколон

Специјалистички медицински услуги: Ехо на абдомен, прегледи од физијатрија, ортопедија, гастроентерохепатологија, радиологија и биохемиски анализи.

Обезбедете го вашиот летен престој на време под падините на Беласица! Местата за овој специјален концепт се ограничени.

Контакт телефон: 072/211-011 или резервирај ОВДЕ и користете го кодот SUMMER2026

Категорија: NewsОбјавено на: 20.05.2026Прегледи: 6682

Слични блогови

proletnaПролетна оаза под Беласица