True self-care begins with a break.

Момент во кој умот се смирува, телото се опушта, а рамнотежата се обновува.

5-дневен велнес пакет

Прецизно креирана програма за ослободување од стрес, смирување на телото и умот и целосна регенерација на организмот

Што ве очекува?

  1. Персонализиран пристап

Стручна лекарска консултација и лабораториски анализи за целосно персонализиран и прецизно прилагоден пристап.

  1. Детокс со термален ритуал

Процесот започнува со термоминерална вода, чија природна топлина и богат минерален состав делуваат релаксирачки врз телото и ја поттикнуваат природната елиминација на токсини.

Во комбинација со финска сауна, инфрацрвена сауна, биохербална сауна и парна бања се стимулира потење и прочистување на организмот.

Ритуалот се надополнува со внимателно одбрани детокс пијалоци и контрастна терапија во ладна када, која ја подобрува циркулацијата, го зајакнува имунитетот и го ревитализира целото тело. Овој ритуал претставува основа за подобра реакција на организмот на понатамошните велнес третмани.

  1. Комплетна велнес програма
  • Секое утро истегнување со физиотерапевт – мобилност
  • 5× инхалации со молекуларен водород – клеточна регенерација
  • 2× витамински инфузии – имунитет и енергија
  • 3× хидроколон терапии – длабинска детоксикација
  • 2× лимфни дренажи – подобрена циркулација
  • 2× релакс масажи (60 мин) – намалување на стрес
  • 2× солена соба – подобро дишење и смирување
  • 2× јога во термоминерална вода – баланс и релаксација
  • Организирана прошетка на Беласица – активен одмор
  • Фитнес центар – слободно користење
  • Стручен медицински тим – постојана поддршка

Ефект

Релаксација, регенерација и обновување на внатрешниот баланс.

Сместување

5 дена / 4 ноќевања – полн пансион

✔ паркинг | ✔ WiFi | ✔ сеф

ЦЕНИ (Недела – Четврток)

39.684 ден. за едно лице (сместување + полн пансион + велнес услуги)

49.684 ден. за две лица (сместување + полн пансион + велнес услуги за едното лице)

63.338 ден. за две лица (сместување + полн пансион + велнес услуги за двете лица)

Ова не е само одмор — ова е грижа за себе.

Резервирајте денес и започнете трансформација.

+389 72 211 011 или резервирај ОВДЕ, напиши во коментар ВЕЛНЕС ПРЕСТОЈ

Категорија: NewsОбјавено на: 27.04.2026Прегледи: 3544

Слични блогови

Gabrovo waterfalls: The whisper of ancient waters through the heart of Belasica
anticeluliteАнтицелулитна трансформација со напредна технологија